100% HAND MADE - ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

Произведено според оригинален рецепт, од внимателно одбрани состојки! Наша специјалност е да го поврземе традиционалното со современото. Во минатото, нашите предци добро ја познавале природата, ја почитувале и негувале, знаејќи дека - Здравјето доаѓа од природата! Денес, знаеме дека постојат природни засладувачи кои се побезбеди за здравјето на луѓето како замена за белот (рафиниран) шеќер.

БОРОЏУН - НОВОТО ИМЕ КОЕ ЌЕ ОСТАВИ ДЛАБОКА ТРАГА ВО КАТЕГОРИЈАТА НА “СУПЕР ХРАНА“

Името на нашата ТМ БОРОЏУН е спој од двата антички добро познати збора БОР + МАЏУН

БОР = синоним за бесмртност, долг животен век, издржливост, отпорност, чудна лековита моќ, чист свеж воздух, гордост, сила, моќ, мистичност...

МАЏУН = синоним за природен засладувач, што всушност е и нашата главна определба, а тоа е нашите производи да не содржат вештачки додаден шеќер, туку природен засладувач.

Производите кои се од производната линија на ТМ БОРОЏУН во моментот содржат гроздов слад направен од органско грозје (во преод), што значи дека станува збор за исклучително квалитетни производи кои се:
- направени со внимателна селекција на плодовите/суровината;
- направени според оригинален рецепт;
- целосно испитани и безбедни за употреба.

 

За нарачани три производи следува БЕСПЛАТНА достава до Вашиот дом!

Изборот и комбинацијата на производи е по сопствена желба.